Моето име е Карин Броекема. Јас имам 51 година и живеам во Остербеек. Изминативе 10 години редовно го посетував Охрид. Пред повеќе од 10 години бев изненадена што пронајдов музеј за познат холандски писател во Охрид. Музејот беше основан од страна на македонец, Мишо Јузмески. Македонски новинар кој ме запозна со холандскиот писател кој беше од голема важност за мене. Во последните неколку години јас истражував и направив колекција од книги и статии за А. Ден Доолард и заедно со нашето знаме го збогатив музејот во Охрид. Мишо како личност придонесе многу за релацијата помеѓу Македонија и Холандија. Нажалост, минатиот Април во Охрид основачот на ова култно место Мишо почина на само 55 години. Зад себе остави жена и два сина како и музејот кој е линкот помеѓу Холандија и Охрид, Македонија. Внукот на Мшо, Крсте Пурцов кој работеше изминатите години со него го превзеде музејот и културно информативниот центар. Со фондацијата “Нашиот Холандски пријател” јас се трудам и се надевам да ја продолжам оваа врска и делото на Мишо од Холандија каде што живеам, во соработка со Ритз Молема близок пријател на Мишо и неговиот внук во Охрид. За оваа потреба јас би била благодарна за секоја помош која ќе ја добијам. Поради загубата на Мишо и целата ситуација со Ковид пандемијата, музејот е во критична состојба во моментот. Сакаме да ги употребиме финансиските средства што ќе бидат собрани за да ја продолжиме работата на музејот што се наоѓа во прекрасниот дел од стариот град и да го продолжиме делото на Мишо Јузмески и ова култно место да продолжи да живее.
Нашата благодарност, најмногу од фамилијата Јузмески е неизмерна во однос на целиот проект.
Секое добро, Карин Броекема
ПС. Секој што би сакал да биде информиран редовно за нашата кампања и нашиот напредок во однос на овој проект, ве молиме да ја оставите вашата емаил адреса на нашата блог страна која е на два јазици: Hello-macedonia.eu